Веднаш по Катарците, и Ратклиф достави понуда за купување на Манчестер јунајтед

by
1 минути читање

Шеикот од Катар, Јасим Бин Хамад Ал Тани синоќа испрати понуда за целосно купување на Манчестер јунајтед и преку соопштение ја потврди понудата.

Сега стигнува веста дека и Инеос групацијата на Сер Џим Ратклив исто така испратила понуда за да го купи Манчестер јунајтед.

Ратклиф е најбогатиот човек во Велика Британија и голем фан на Манчестер јунајтед. Неговата понуда била доставена неколку минути пред 23 часот кога бил последниот рок даден од Глејзерс за прибирање на понуди.

Дали Манчестер јунајтед ќе добие катарски или британски газди, во наредниот период треба да одлучат актуелните сопственици.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×