Лапорта за исплатата на милионската сума за потпретседателот на судискиот комитет: Не случјано сега се појавува ова

by
1 минути читање

Медиумите од
Шпанија денеска објавија дека Барселона во периодот од 2016 до 2018 му
исплатила речиси 1,4 милиони ера на поранешниот судија Енрикез Негреира, кој до
2018 ја извршуваше функцијата потпретседател на судискиот комитет.

Мнногумина ова го
толкуваат како мито за наклонетост на судиите но од Камп Ноу порачаа дека секој
кој ќе спомне нешто вакво ќе добие тужба.

„Не случјано сега
се појави ова“
– вели првиот човек на клубот, Жоан Лапорта алудирајќи на
предноста од 11 бода на врвот на табелата и можноста Барса да се радува на прва
титула во Ла Лига по 2019.

„Секој што ќе се
обиде да ја интерпретира веста на начин со кој ќе инсинуира работи кои не се,
ќе добие соодветен одговор, со сите средства ќе ја браниме честа на клубот. На
навивачите сакам да им порачам уште еденш, не случјано сега се појавуваат вакви
информации, кога на Барса и оди навистина добро“.

Претходно Барса
издаде соопштение со кое потврди дека бил ангажиран надворешен консултант кој
требал да обезбеди извештаи и видео материјал за играчи во пониските лиги на Шпанија и совети поврзани со судиите и нивната работа, практика која ја применуваат и останатите клубови од Шпанија.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×