Мино Рајола
важаше за еден од најмоќните агенти во светот на фудбалот, Италијанецот беше во
бизнисот повеќе од 20 години и изгради империја која вртеше стотици милиони евра
во провизии.
Но само осум месеци
по неговата смрт, империјата полека се распаѓа. Рафаела Пимента и Винченцо
Рајола го наследија бизнисот, но по неколку месеци транзиција, било одлучено
секој да тргне по свој пат.
Рафаела Пимента ќе
остане на чело на агенцијата заедно со Максвел (поранешен играч на Интер и
добер пријател на Златан Ибрахимовиќ), додека пак роднината на Мино, Винченцо
Раиола ќе работи самостојно
Тој со себе ќе земе
фудбалери како Исмаел Бенасер од Милан, Стефи Мавидиди од Монпеље, Мохамед
Фарес од Лацио и многу други.
Златан
Ибрахимовиќ и Пол Погба остануваат верни и ќе продолжат да соработуваат со Рафаела
Пимента а неизвесна е ситуацијата на Ерлинг Халанд со оглед на тоа дека за
интересите на напаѓачот се грижеа неговиот татко и Мино.
Има и фудбалери кои
веќе си наоаѓаат други агенти или агенции, таккви се случаите на Стефан де Врај
од Интер и Моизе Кин од Јувентус.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.