Пронајдени два пара чевли на Атсу, од фудбалерот сепак нема ниту трага, ниту глас

by
1 минути читање

Кристијан Атус останува под урнатините, нема ниту трага, ниту глас од поранешниот фудбалер на Челси и Њукасл, кој сега ги брани боите на Хатајспор.

„Поминаа девет дена од земјотресот и се уште не успеавме да го лоцираме Кристијан. Пристигнав на местото на земјотресот во Хатај заедно со семејството на Кристијан. Сликите и сцените се незамисливи, ми се крши срцето за сите луѓе погодени од катастрофата“ – напиша неговиот агент на социјалните мрежи.

„Успеавме да ја лоцираме собата на Атус и најдовме два пара негови чевли. Вчера добивме потврда дека термалните слики покажуваат пет живи, но единствениот вистински начин на потврда дека некој е жив е преку вид, допир, мирис или звук, и за жал не успеваме да го лоцираме Кристијан“.

„Ситуацијата е навистина тешка, благодарни сме им на спасувачите од Турција и странство, локалните цивили и волонтери. Сепак, потребни се повеќе ресурси како и преведувачи“.

„Работите се движат бавно и поради тоа многу спасувачки акции се одолговлекуваат и животи се губат поради недостаток на ресурси и работници. Жалам што никој од клубот не беше со нас на терен во потрагата по Кристијан“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×