Последниот дуел на Сан Сиро меѓу Милан и Тотнем сите го паметат по тепачката која ја направи Гатузо! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Тоа беше пред повеќе од десет години, тогаш Тотнем го победи Милан на негов терен со 1-0 со гол на Питер Крауч, но фудбалската публика повеќе го памети инцидентот кој што се случи, отколку резултатот.

Тогашниот асистент на Тотнем, Џо Џордан го провоцирал Џенаро Гатузо во текот на мечот, барем такви се изјавите на Италијанецот. По последниот судиски свиреж на Гатузо му пукна филмот и тргна во физичка пресметка со Џордан по што настана вистинска мешаница на теренот.

Во интервју за „Кориере дела Сера“ минатата година, Гатузо рече дека секогаш кога ќе го види видеото од тој момент, се срами од својот гест.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×