Пато: Милан ќе остане во моето срце

by
1 минути читање

Пато својата светска промоција ја имаше во Милан, почна одлично, но серијата повреди му ја однесоа кариерата во непосакуван правец по што се врати во Бразил.

„Милан беше одличен период од мојот живот“ – изјави Пато за Скај Италија.

„Неколку години беше добро, но потоа работите не се одвиваа како што сакав. Ја губев самодовербата, па решив да се вратам во Бразил“.

„Разочаран сум од тоа како завршија работите, Милан ќе остане во моето срце, им посакувам се најдобро“.

„Тимот напредува под водство на Монтела, мислам дека планот кој го има Милан ќе ги однесе таму каде што припаѓаат“.

Бразилецот одигра 117 натпревари во Серија А и постигна 51 гол.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани