Дибала има откупна клаузула за летниот преоден рок која секој може да ја плати!

by
1 минути читање

Дибала во Рома дојде како слободен играч, па Аргентинецот во преговорите со волчицата беше во ситуација да си издејствува договор каков што тој посакува.

Дибала во својот договор со Рома има откупна клаузула од само 12 милиони евра која може да биде активирана во летниот преоден рок.

Тоа е сума која секој сериозен клуб без проблем може да ја плати и да му понуди богат договор на Аргентинецот.

Информациите велат дека Рома ќе му понуди нов договор на Дибала со поголема плата и бришење на клаузулата која може евтино да го одалечи од Рим.

Дибала одлично се вклопи во Рома и изгледа среќно, но многу работи ќе зависат од амбициите на клубот за следната сезона и понудите кои ќе ги добие тој.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×