Сите го сакаат Харт

by
1 минути читање

Еден од првите потези на Пеп Гвардиола по доаѓањето во Манчестер Сити беше бркањето на Џо Харт. Го замени со Клаудио Браво кој се покажа како тотално промашување.

Харт се уште е голман на Манчестер Сити, но брани како позајмен во дресот на Торино.

Англиските клубови добро ги познаваат квалитетите на англискиот прв голман, па интересот за Харт е голем. Тој сигурно нема да се врати на голот на Манчестер Сити и се очекува да биде продаден во летниот преоден рок.

Последен кој се поврзува со Харт е тимот на Вест Хем кој според англиските медиуми е подготвен да одвои сума од 15 милиони евра за чуварот на мрежата.

Но конкуренцијата е голема, Харт е и во плановите на Ливерпул кој не е најзадоволен од голманските опции кои ги има во моментов.

А се шпекулира и со интерес од Челси, но само доколку Тибо Куртоа го напушти клубот и се пресели во Реал Мадрид во летниот преоден рок.

Од Италија пак пристигнуваат информациите дека Торино ќе седне на маса со Харт и Сити и ќе се обиде да го откупи комплетно иако претседателот на клубот неодамна рече дека немаат пари за да си ја дозволат високата плата на голманот.

Како и да е, Џо Харт не треба да се грижи за својата иднина, интерес за него има од многу страни, тој ќе треба само да ја одбере најдобрата опција.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани