Со гол од пенал во седмата минута од судиското продолжение Тоти и донесе победа на Рома против Пескара од 2-1 во Купот на Италија.
Пеналот беше досуден поради фаул од голманот Федерико Аљарди врз Кевин Стротман. Од таборот на Чезена беа бесни на одлуката, сметајќи дека е престрого досуден пеналот, но тоа не му пречеше на Тоти да реализира.
По мечот, Тоти беше херојот на Рома, пристигнуваа честитки и убави текстови за него. Но претседателот на Чезена го нарече Пинокио поради тоа што се сложил дека одлуката на судијата Фабио Мареска е исправна.
„Минатата ноќ по мечот, во живо, Тоти рече дека пеналот кој го добија бил чист!“ – напиша претседателот на Чезена на својот фејсбук профил.
„Тоа е бесмислено. По само неколку секунди сфатив дека големиот Франческо само се обидува да сними нов спот каде што го игра добро познатиот Пинокио“.