Клоп одговори на нападите од Мурињо

by
1 минути читање

Мурињо бесен по синоќешниот нерешен резултат со Хал, изјави дека судиите немаат ист критериум спрема него и останатите менаџери.

Се пожали дека бил опоменат од четвртиот судија да седне на клупата во спротивно ќе биде испратен на трибините и посочи дека при слична ситуација на мечот помеѓу Ливерпул и Челси, Јирген Клоп бил само срдечно поздравен од четвртиот судија и не добил никаков прекор.

На ваквите обвинувања денеска врати Јирген Клоп кој ја објаснува ситуацијата и не знае зошто Португалецот синоќа зборувал за него.

„Веројатно тоа зависи од четвртиот судија, мислам дека мојот случај не беше толку лош колку што изгледаше. Можеби имав среќа“ – вели Јирген Клоп.

„Фудбалот е игра со емоции и понекогаш не се контролираме. Некогаш добивате казна, некогаш не. Не знам зошто Мурињо зборувал за мене“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани