Кога Атлетико го пречека Реал на „Ванда Метрополитано“ во септември минатата година, Винисиус Жуниор се најде на удар на домашните навивачи. Секогаш кога Бразилецот ќе ја допреше топката, од трибините се слушаа свирежи. Имаше и изолирани инциденти на расистички навреди, напаѓачот беше наречен „мајмун“.
Во пресрет на пресметката во Копа дел Реј, напаѓачот повторно беше мета. Навивачите на Атлетико обесија кукла со дресот на Винисиус Жуниор и објавија транспарент на кој пишуваше, „Мадрид го мрази Реал“.
Реал Мадрид веднаш застана во одбрана на својот играч и обвини за расизам, ксенофоија и омраза.
Атлетико Мадрид го осуди гестот и порача дека иако ривалството помеѓу двата клуба е огромно, секогаш имало почит.
Vinicius dales una lección goleales hoy @vinijr @RodrygoGoes #HalaMadrid #CopaDelRey
pic.twitter.com/H7UCFrMu6M— Francisck (@FRANClSCK) January 26, 2023
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.