Гвардиола: Артета не се радуваше на головите само против еден тим, уште тогаш си реков…

by
1 минути читање

Микел Артета три ипол години му беше помошник на Пеп Гвардиола во Манчестер Сити за во 2019 да го прифати предлогот на Арсенал и да седне на кормилото на клубот од Северен Лондон.

„Топчиите“ оваа сезона ја играат на високо ниво, имаат +5 на врвот во Премиерлигата и натпревар помалку, па важат за прв фаворит за титулата.

Четвртото коло во ФА Купот ги спои токму Манчестер Сити и Арсенал, па ученикот и учителот утре ќе го имаат првиот дуел оваа сезона.

„Сигурен сум дека доколку јас заминев, Артета сега ќе беше тренер на Манчестер Сити. Но јас го продолжив договорот и тој не сакаше да чека“ – вели Пеп Гвардиола и додава дека претчувствувал дека неговиот сонародник ќе се врати во Арсенал, каде играше помеѓу 2011 и 2016.

„Паметам кога беше дел од Манчестер Сити како се радуваше и скокаше кога ќе постигнеме гол, и ова не го правеше само кога игравме против еден клуб. Кога игравме против тој клуб, кога ќе постигневме гол, јас ќе тргнев да се радувам и ќе почнев да го барам Артета, а тој само мирно седеше. Тој единствен клуб е Арсенал“.

„Па уште тогаш си реков, „Ова момче го обожава Арсенал“. Го разбирам, тоа е исто како јас и Барселона. Доколку сум тренер некаде или помошник, и Барселона ми се јави, секако дека ќе одам. Тоа е мојот клуб“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×