Одби да биде рекордно засилување на Астон Вила и да заработува ТРИ пати повеќе

by
1 минути читање

Ретко кој може да
одолее на интересот од Премиерлигата и парите кои ги даваат клубовите од
„островото“ но очигледно ова не важи за 20 годишниот Нико Вилијамс.

Унаи Емери сака
да ангажира играч кој ќе донесе енергија и динамика во нападот и го
идентификувал Нико Вилијамс како идеално засилување.

Астон Вила била
подготвена да му ја исполни желбата на тренерот и да ја активира откупната
клаузула во договорот на Нико Вилијамс вредна 50 милиони евра, што ќе значи
рекорден трансфер за клубот од „Вила Парк“. Исто така, за напаѓачот бил
подготвен богат договор и плата од 120.000 фунти неделно, односно три пати
повеќе од она што тој го заработува во моментов.

Сепак Нико
Вилијамс на големо изненадување кажал НЕ и решил во моментов да остане во
Атлетик Билбао.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×