Однесувањето на Паје во Вест Хем пред да биде продаден на Марсеј

by
1 минути читање

Претседателот на клубот, Дејвид Саливен открива како се однесувал Паје во последниот месец како член на Вест Хем.

„Иако ние како раководство не сакавме тој да си оди, не можевме против желбата на тимот“ – Саливен открива дека фудбалерите и стручниот штаб не го поднесувале Паје.

„Тој не зборуваше со никој. Кога требаше да се руча, седеше во еден агол од собата и сам јадеше, се изолираше од сите. Пред тоа беше одлично момче, беше среќен, зборуваше со сите“.

„Не знам дали тоа му беше тактика за да си замине или нешто се промени во неговата глава“.

„Фудбалерите сакаа тој да си оди, истото го сакаше и менаџерот. Ние го направивме тоа што е најдобро за тимот“.

„Можевме да го држиме во резервите уште шест месеци, но тоа ќе не чинеше уште 2-3 милиони фунти во плата. Се обидовме да зборуваме со него, да го убедиме да остане, му понудивме бесплатни летови до дома, помош за неговата сопруга, се што можевме да направиме, но тој сакаше да се врати во Марсеј“.

„Како и да е, тој е неверојатен фудбалер, и многу ми е жал што повеќе не е играч на Вест Хем“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани