Челси сака да пазари од Селтик во последниот ден од преодниот рок

by
0 минути читање

Челси е силно заинтересиран за Муса Дембеле, но Селтик нема намера да го продаде напаѓачот за помалку од 40 милиони фунти.

Сините подолго време го следат Муса Дембеле кој постигна 20 голови за Селтик во 38 натпревари оваа сезона во сите натпреварувања.

Селтик за Дембеле плати само 500.000 фунти, бидејќи договорот кој го имаше напаѓачот со Фулам му беше пред истекување, но скапо ќе го продаде.

Челси посакува уште еден напаѓач иако Диего Коста игра во фантастична форма. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани