Ал Наср сака да го ангажира капитенот на Дортмунд, му нуди 10 пати помала плата од таа на Роналдо

by
1 минути читање

Ал Наср реализираше трансфер бомба и го ангажираше Кристијано Роналдо, кој ќе заработува 200 милиони евра по сезона и ќе биде најплатениот фудбалер во светот.

Но амбициите на клубот од Саудиска Арабија не застанаа тука, се шпекулираше дека на листата со желби се и Лука Модриќ и Серхио Рамос.

Последното звучно име кое се поврзува со Ал Наср е Марко Ројс. На капитенот на Борусија Дортмунд му се нуди 10 пати помала плата од таа на Кристијано Роналдо, но и со таква сума (20 милиони евра) тој ќе заработува многу повеќе од она што во моментов го добива на Сигнал Идуна Парк.

„Секако дека мислам на иднината, имам само уште шест месеци од договорот. Мислам дека би било погрешно доколку не мислам на ова“ – кратко одговори Марко Ројс на гласините.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×