530
Мауро Икарди и Ванда Нара пред извесно време се разделија. Нивната врска беше пропратена со многу бури, кои се чини дека се уште траат.
Ванда Нара која му е и агент на Икарди, минатиот месец се врати во Истанбул, па некои мислеа дека тие повторно ќе се смират.
Но, последната фотографија на Ванда кажува нешто друго. Таа објави провокативна слика и напиша „играта заврши“. Ваквиот нејзин пост е протолкуван како порака за Икарди дека ова е дефинитивен крај на нивната врска.