За Елмас ова беше четврти гол сезонава во Серија А и откако е дојден на Апенините во летото 2019 година, сезонава голгетерски во италијанската елита е најефективна за него, после ланските три гола, а повторно Елмас дава гол кога е стартер само за да докаже дека Лучано Спалети треба уште повеќе да има доверба во него.
Македонскиот репрезентативец првпат шутираше пенал за Наполи и не згреши.
„Пенал шутира тој што се чувствува најдобро и нема некој што мора да шутира. Кој и да шутира не менува ништо, најважно е да се даде гол и да се победи. За мене беше важно само да дадам гол, а бев сигурен дека ќе погодам. Ова беше мојот прв гол од пенал“, рече Елмас.
Тој тргна во триото во средина на местото на Пјотр Зиелински, кој одмараше денеска.
„Лучано од мене бара во средина да го правам тоа што го прави Зиелински. А, јас се трудам да дадам сѐ во секоја улога што тренерот ќе ми ја додели на теренот. После тој тежок меч во Милано, доаѓањето во Џенова не беше лесно и важно беше да победиме, да ги освоиме бодовите. Дојдовме тука како група и семејство со јасна цел, се боревме за секоја топка“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.