903
Единствениот гол беше постигнат во 22. минута кога по асистенција од Гави, Дембеле ја пласираше топката во мрежата на Облак за водство од 1-0.
Тоа беше конечниот резултат, но имаше уште неколку возбудувања, особено во судиското продолжение.
Во 91. минута Савиќ и Торес се бореа на теренот по што и двајцата заслужено добија црвени картони.
Во 94. минута Атлетико Мадрид беше на чекор до израмнување, но Араухо успеа да ја извади топката од гол линијата.