Милан може да жали што не ја победи Рома, росонерите доминираа во најголем дел од мечот, но тимот на Жозе Мурињо на крајот не дозволи да го загуби мечот.
Резултатот беше отворен во 30. минута кога по една мешаница во шеснаесетникот на Рома, Калулу постигна гол за водство на Милан од 1-0.
По една убава акција во 77. минута Побега постигна гол по асистенција од Леао, Милан поведе со 2-0 и со оглед на играта се чинеше дека мечот е решен.
Можеби така помислија и играчите на Милан, но Рома не се откажа до самиот крај. Во 87. минута по центаршут на Пелегрини, Ибањез погоди со глава и намали на 2-1.
Во 93. минута нов центаршут на Пелегрини, овојпат биеше Матиќ, Татарушану го одбрани неговиот удар, но топката дојде до Абрахам кој постигна гол за 2-2.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.