186
Челси доживеа нов пораз, се зголемува притисокот врз Грем Потер, сините се во очајна форма која се чини дека се продлабочува.
Резултатот го отвори Ријад Марез во 23. минута со прекрасен гол од слободен удар.
Седум минути потоа Алварез даде гол од пенал. Најстрогата казна беше досудена поради игра со рака на Хаверц.
На седум минути пред крајот на првото полувреме веќе беше 3-0 за Манчестер Сити, а стрелец на голот беше Фил Фоден.
Серијата ја затвори оној кој ја отвори, Ријад Марез погоди од пенал во 85. минута од натпреварот. Кулибали направи прекршок за најстрога казна.