Само реми на Ливерпул против Вулвс, ВАР ги спаси црвените од пораз (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Резултатот беше отворен во 26. минута кога голманот на Ливерпул, Алисон направи голем кикс, буквално му ја подаде топката на Гуедеш кој погоди за водство на Вулвс од 1-0.

Пред самиот крај на првото полувреме, одлична асистенција од Александер Арнолд до Нуњеш кој погоди за израмнување на 1-1.

По седум минути игра во вториот дел Салах постигна гол за комплетен пресврт и водство на Ливерпул од 2-1.

Во 66. минута Хван Хи-Чан беше прецизен и го изедначи резултатот на 2-2.

На десетина минути до крајот Тоти постигна гол за Вулвс, но погодокот му беше поништен поради офсајд.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×