Гвардиол кажа кој му е клубот од соништата и ги разочара навивачите на Челси

by
1 минути читање

Јошко Гвардиол долго време се поврзуваше со Челси, но се чини дека ќе остане во Лајпциг до крајот на сезоната. Тој беше прашан кој му е клубот од соништата, а тоа е конкурент на сините во Премиерлигата.

„Мојот клуб од соништата? Дефинитивно Ливерпул. Од мал со татко ми гледав многу нивни натпревари. Ја следевме секоја нивна сезона во детали. Тоа е клуб кој ќе ми остане во срцето“, вели Гвардиол.

Тој ги потврди преговорите со Челси и нема против да се пресели на Стемфорд Бриџ.

„Се надевам дека овие шест месеци ќе ги поминам во Лајпциг. Челси не се предаде по минатото лето, но тогаш беше договорено да се случи зимово. Зимата дојде, па ќе видиме што ќе биде, се уште има време“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×