Дешам не попушти, Франција му ja исполни желбaта

by
1 минути читање

Дидје Дешам ќе ја продводи Франција до јуни 2026, утрово беше потврдена новата соработка.

Откако ги предводеше „триколорите“ до финале на мундијалот во Катар, Дидје Дешам доби одврзани раце да одлучи што сака.

Стратегот одбра да остане, но имаше несогласување околу должината на новата соработка. Првиот човек на ФФФ, Ноел ле Грае преферираше Дидје Дешам да доби договор до јуни 2024, но тренерот инситираше да остане на кормилото до мундијалот во САД, Канада и Мексико.

Дидје Дешам не попушти, ФФФ на крајот му ја исполни желбата, па денеска беше соопштена нова соработка до јуни 2026 година.

Ова значи дека Зинедин Зидан ќе мора да почека да го оствари својот сон кога е во прашање кормилото на Франција, се говореше дека стратегот изминатиов период одбил неколку примамливи понуди со цел да биде во конкуренција за столчето на „триколорите“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×