Во 60. минута Грилиш и Марез влегоа во игра, а само три минути подоцна едниот му додаде на другиот кој постигна гол за победа на Манчестер Сити од 1-0.
Во првиот дел од одговорот на прашањето за замените, Гвардиола беше јасно ироничен.
„Јас сум генијалец. По мечот со Евертон, еден новинар кој е мој добар пријател, ме праша зошто не направив измена цели 87 минути. Размислував за тоа и овојпат решив да направам неколку измени“, рече Гвардиола.
Потоа беше многу посериозен.
„Имав забелешки на играта уште во првото полувреме, по само 20 минути игра ми беше јасно дека не можеме да продолжиме така. Направив замени и се покажаа како вистински. Секој тренер сака неговите замени да го подобрат тимот. Во игра до крајот на сезоната се уште 63 бода, што е навистина многу. Имаме шанси за титулата, но мора на секој меч да го покажуваме нашиот квалитет“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.