На мечот меѓу Лече и Лацио, имаше повеќе од 1.000 гостински навивачи и речиси сите тие беа сложни во расистичките скандирања.
Поради тоа северната трибина на Олимпико е суспендирана за следниот меч на Лацио кој го играат против Емполи. Навивачите добија и предупредување дека доколку се повтори таков инцидент, санкциите ќе бидат поголеми.
Умтити со солзи во очите го напушти мечот поради навредите кои ги трпеше од фановите на Лацио.
Римскиот клуб го осуди инцидентот, најави дека ќе ги искористи сите можни средства кои ги има на располагање против расисам и дискриминација, но потенцираше дека нивните фанови не се расисти.
Многумина сметаат дека за да се искорени оваа појава во Италија, санкциите мора да бидат многу поригорозни отколку суспензија од еден меч на навивачката трибина.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.