Тренерот на Бенфика распука по Челси: Само го полудеа Енцо!

by
1 минути читање

Челси и Бенфика неколку дена имаа интензивни преговори, но не се договорија за трансфер на Енцо. Бенфика бара 120 милиони евра колку што е откупната клаузула на фудбалерот, Челси понуди само 85 милиони евра што е далеку од бараната сума.

Енцо го посакуваше трансферот во Челси, тој тоа му го соопшти и на тренерот на Бенфика, па откако пропаднаа преговорите, нејасно е како ќе се однесува играчот.

„Ние не сакаме да го продадеме Енцо. Имаше клуб кој го сакаше него, тие го контактираа него, но знаат дека единствен начин на кој можат да го купат е со откупната клаузула која изнесува 120 милиони евра“, вели тренерот Шмид.

„Тие се однесуваа без почит, го оставија фудбалерот полуден и не можеме да го профатиме тоа. Тие се однесуваа како да сакаат да ја платат клаузулата, а потоа сакаа да преговараат“.

„Ние не сакаме да го продадеме него. Никој не сака да го продаде него, ниту јас, ниту претседателот Руи Коста, никој“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×