Готово е, Динамо Загреб го продаде Оршиќ, Хрватот се сели во Премиерлигата

by
1 минути читање

Следен предизвик за хрватскиот репрезентативец ќе биде премиерлигашот Саутемптон и тоа со трансфер, кој не е бомбастично висок, но сепак за „модрите“ значи нов рекорд.

Колку и да е познат по продавање играчи во најквалитетните западноевропски лиги, Динамо Загреб никогаш претходно не направил побогата зделка од оваа со Оршиќ, кога е во прашање фудбалер со 30 или повеќе години. Според хрватските медиуми, Саутемптон ќе му плати на Динамо вкупно осум милиони евра, односно шест милиони како основица и плус уште два милиона на основа бонуси. Во минатот од Динамо си одеа и Модриќ и Ковачиќ и Гвардиол за многу повисоки трансфери, но сите тие беа и околу десетина години помлади од Оршиќ.

Затоа овој трансфер е рекорден и значаен, а колку беше важен фудбалерот за Динамо, кажува цврстиот табиет на раководството на „модрите“, кое претходно го одби Барнли, иако напаѓачот сакаше да замине. Потоа следуваше понуда од Саутемптон за пет милиони евра, која исто така беше одбиена и дури сега се согласија за трансферот.

Покрај тоа што ќе земат осум милиони евра, практично ќе бидат побогати за 11,5 милиони, бидејќи со продажбата на Оршиќ, теоретски, ќе заштедат 3,5 милиони евра за плати додека го одработи договорот, до јуни 2026 година. Мислав Оршиќ наполни 30 години на 29 декември, а покрај со одличните клупски настапи во минативе сезони, се истакна и на Светското првентво во Катар, со гол за 2-1 против Мароко, во мечот за бронза и со асистенција за голот на Петковиќ, кој беше клучен во четвртфиналниот меч Хрватска – Бразил.

Тој дојде во Динамо летото во 2018 година и за четири сезони одигра 214 меча во сите конкуренции, на кои постигна 91 гол и направи 40 асистенции.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×