Инзаги: Беше задоволство да се гледаат моите фудбалери против Наполи, одигравме одличен меч

by
1 минути читање

Интер го надигра Наполи и дојде до трите бода, нероазурите создадоа повеќе шанси, а влезе само таа на Џеко кој со глава ја смести топката во мрежата на лидерот во Серија А.

„Џеко игра многу добро, заедно во Интер сме година и пол, тој има техника, сила и многу други квалитети“, вели Инзаги.

„Јасно е дека тоа што сме прв тим кој го победил Наполи, кој беше единствениот тим во најдобрите лиги во Европа кој не беше поразен оваа сезона, ни дава голема самодоверба“.

„Многу сум горд на моите момци бидејќи си помагаа меѓусебно на теренот, беше задоволство да се гледаат, одигравме одлично за фановите“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×