Пред денешниот меч, тимот на Конте примаше прв погодок на десет натпревари по ред, конечно таа лоша серија заврши.
Денеска Тотнем не само што не прими прв гол, туку ја зачува мрежата во текот на сите 90 минути.
Првото полувреме беше 0-0, во него Кристал Палас беше подобар тим, но во вториот дел се променија работите.
Кејн со два брзи гола, едниот во 48. минута, другиот пет миунти подоцна донесе предност од 2-0 за Тотнем.
Во 68. минута Доерти зголеми на 3-0, а четири минути потоа Сон ги постави конечните 4-0 за Тотнем.
Во другите денешни натпревари од Премиерлигата Астон Вила и Вулвс одиграа 1-1, Лидс и Вест Хем 2-2, а Нотингем Форест со 1-0 победи на гостувањето кај Саутемптон.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.