Големото дерби меѓу Интер и Наполи заврши со триумф на домаќините. Елмас мечот го почна од клупата за резерви, влезе на 15 минути до крајот.
Интер беше подобар во најголемиот дел од мечот, создаде многу шанси за гол, а реализираше една.
Во 56. минута по убав центаршут на Димарко, Џеко ја заби топката со глава во мрежата на Наполи и донесе водство за Интер од 1-0, што беше и конечен резултат.
Наполи останува лидер во Серија А, има пет бода пред Милан, седум пред Јувентус и осум пред Интер.
Во ист термин се одигра мечот меѓу Удинезе и Емполи кој заврши нерешено 1-1. Несторовски во игра влезе во 84. минута.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.