193
Бадијала беше добрата игра во текот на целиот меч, создадените шанси, погодените пречки кога голманот Карнесеки аматерски го намести живиот ѕид и му овозможи на Милик да постигне убав гол од слободен удар.
Во првото полувреме Кремонезе имаше два поништени гола од кои вториот беше дискутабилно. Во вториот дел двапати ја погодија стативата од голот на Шчесни, а казната дојде на крајот.
Голманот на Кремонезе, Карнесеки, стави само тројца фудбалери во живиот ѕид иако беше од опасна ситуација. Тоа го искористи Милик кој биеше максимално прецизно и донесе победа на Јувентус.