Кристијано Роналдо
синоќа беше промовиран како нов фудбалер на Ал Наср, и се најавуваше дека веќе
утре ќе дебитира во дресот на својот нов клуб, извештаите велат дека сите
билети се продадени за натпреварот против Ал Таи.
Сепак, од Англија
пристигнува информација дека Кристијано Роналдо ќе мора да почека зошто прво
треба да одработи два натпревари суспензија за инцидентот од минатата сезона.
На гостувањето на
Гудисон и поразот од Евертон со 1-0, Кристијано Роналдо ги загуби нервите, удри
навивач на „карамелите“ и му го скрши мобилниот.
По долг процес,
ФА во ноември минатата година го казни Кристијано Роналдо и му изрече два
натпревари суспензија. Според правилата на ФИФА, казната сега треба да биде
одработена во првенството на Саудиска Арабија.
Локалните медиуми
исто така додаваат дека ова не е единствениот проблем, Ал Наср прво треба да се
ослободи од еден странец, а треба да добие и сертификат од
Фудбалската федерација на Саудиска Арабија.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.