205
Леао имаше одличен настап за Милан во победата на гостувањето кај Салернитана од 2-1. Португалецот даде еден гол, а покажа и големо залагање во играта.
Неговиот соиграч Тонали смета дека со играта која ја прикажува, Леао дава знак дека сака да остане на Сан Сиро.
„Леао сака да остане во Милан, можете да го видите тоа, да видите колку е среќен тука и тој отсекогаш бил клучен играч во проектот на клубот“, изјави Сандро Тонали.
Последната понуда на Милан за Леао е плата од 7 милиони евра по сезона, фудбалерот наскоро треба да одговори дали ја прифаќа.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.