213
Њукасл уште еднаш покажа дека е тврд орев и успеа да остане непоразен на гостувањето кај лидерот, Арсенал.
Топчиите повеќе се обидуваа да дојдат до победата, Њукасл главно се бранеше, во финишот атмосферата стана жешка, а кулминацијата се случи со еден спорен момент.
Фудбалер на Њукасл играше со рака во сопствениот шеснаесетник, судијата одлучи дека тоа не е пенал. Бесни беа фудбалерите, Артета и навивачите на Арсенал.