Роналдо сака да го промени менталитетот на Саудијците: Луѓето не знаат, но Ал Наср има женски фудбалски клуб

by
1 минути читање

Саудиска Арабија нема силна фудбалска лига, па преселбата на Кристијано Роналдо во Ал Наср е голема трансфер бомба.

Јасно е дека парите (200 милиони евра годишно) одиграле голема улога во одлуката на Кристијано Роналдо, кој сепак вели дека неговата цел е да го промени менталитетот на Саудијците и да инспирира една цела генерација.

„Ова за мене е голема шанса, не само од фудбалски аспект, туку и како можност да го променам менталитетот на новата генерација“ – вели Кристијано Роналдо.

„Сакам да помогнам да се развие фудбалот, но и самата држава“.

„Со моето знаење и искуство сакам да помогнам, да донесам промени. Многу луѓе не знаат, но Ал Наср има женски фудбалски клуб“. 

„Сакам да дадам една поразлична визија и перспектива на фудбалот, на земјата“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×