Дејвис Естивен Васкез ќе биде петтиот Колумбиец кој го облекол дресот на Милан.
Откако изминативе денови беа комплетирани лекарските прегледи и целата документација, „росонерите“ попладнево го потврдија трансферот на 24 годишниот голман.
Милан не откри детали од зделката, но претседателот на Гуарани откри дека трансферот ќе изнесува 500.000 долари, од кои половина сума ќе завршат во џебот на Дејвис Естивен Васкез.
Дејвис Естивен Васкез е засилување за иднината со оглед на тоа дека истекуваат договорите на Антонио Миранте и Чипријан Татарушану.
Не се исклучува можноста овој месец да биде ангажиран уште еден голман.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.