Доминос брутално го „истрола“ Дарвин Нуњез по новото големо промашување на напаѓачот (ФОТО)

by
1 минути читање

Дарвин Нуњез има
се што барате од еден топ напаѓач – брзина, сила, висина, добри движења – но во
моментов му фали она најважното, добар финиш.

На синоќешниот
натпревар против Брентфорд, тој имаше ново големо промашување. По десетина
минути игра, Уругваецот се најде во гол шанса, го помина голманот на
домаќините, и кога се чинеше дека нема шанси да промаши, некако успеа да го
погоди дефанзивецот Бен Ми.

Навивачите на
Ливерпул не можеа да поверуваат како ова не беше гол, а пицеријата Доминос брутално
го „истрола“ Дарвин Нуњез и си направи добра реклама.

„Се извинуваме
доколку промашивме некоја од нарачките, ова момче само што стартуваше“
– гласеше постот
со фотографија од Дарвин Нуњез.

Една статистика
вели дека ниту еден друг играч во Премиерлигата нема промашено толку многу
големи шанси (15) како Дарвин Нуњез оваа сезона.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×