Милионите кои му ги понуди Челси му го свртеа умот, Енцо Фернандез почна да прави проблеми во Бенфика

by
1 минути читање

Енцо Фернандез
беше прогласен за најдобар млад фудбалер на мундијалот во Катар, па веднаш доби
неколку атрактивни понуди. Челси загриза
најсериозно, се шпекулира дека „сините“ и играчот си подале рака и договориле
соработка со плата од 8 милиони евра.

Милионите на
Челси очигледно му го свртеа умот на Енцо Фернандез, па тој не ги слуша молбите
на Бенфика да остане во клубот до крајот на сезоната. И не само тоа, фудбалерот
од средниот ред почна да прави проблеми и да се обидува да изнуди трансфер.

Како што
пренесуваат медиумите од Португалија, Енцо Фернандез без дозвола се вратил во
Аргентина да ја прослави новогодишната ноќ и вчера не се појавил на тренинг.

Останува да се
види како ќе биде разрешена целата ситуација, наводно се пеглаат деталите од
зделка вредна 127 милиони евра, која ќе биде рекордна од неколку аспекти, но има и гласини кои велат дека „сините“ се двоумат и прават проценки дали е подобро сега да го купат играчот, или летоска.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×