„Црвените“ не
одиграа на потребното ниво на гостувањето во западен Лондон, па за прв пат во
последните 85 години, Брентфорд го победи Ливерпул и славеше со 3-1.
Гостите не
одиграа на потребното ниво, особено во првото полувреме, но по крајот на натпреварот,
Јурген Клоп реши прстот да го впери во судујата Стјуард Атвел и неговите
соработници.
„Третиот гол не
требаше да биде признаен. Доколку сте играле фудбал и сте биле во спринт рамо
до рамо со противник, паѓате и при мало туркање бидејќи не можете да задржите
баланс. Сите можеа да го видат тоа“ – рече Јирген Клоп.
„Разговор со
судиите е исто како да разговарам со мојата микробранова. Не добивате никаков
одговор. Секогаш е исто. Пред почетокот на сезоната ни даваат совети дека
играчите мораат да внимаваат при вакви моменти бидејќи судиите гледаат се, но
во пракса, еве на вакви натпревари, очигледно се дозволени многу работи“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.