Ливерпул со пораз
ја започна новата година, избраниците на Јирген Клоп вечерва сосема заслужено
загубија на гостувањето кај Брентфорд.
Резулатот беше
отворен во 19. минута, при еден прекин, Конате си постигна автогол. ВАР потоа спречи
домаќините да ја дуплираат предноста, но веќе во следниот напад Виса донесе 2-0
и покрај тоа што Алисон одбрани, топката веќе ја имаше поминато линијата.
Окслејд
Чемберлејн по пет минути игра во второто полувреме намали на 2-1, Ливерпул
потоа силно нападна но во 84. минута Мбуемо реализираше за 3-1 и прва победа на
Брентфорд над Ливерпул по далечната 1938 година.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.