На стадинот на
Сантош, попладнево пристигна ковчегот со телото на легендарниот фудбалер Пеле и
почна бдението кое ќе трае 24 часа. Еден од првите кои му оддадоа почит на
„Кралот“, беше претседателот на ФИФА, Џани Инфантино.
Тој излезе со
интересен предлог и покрена иницијатива за во секоја земја барем еден
стадион да го носи името на трикратниот освојувач на светската круна.
„Пеле е вечен,
Пеле е светска икона. Пеле правеше работи за кои 99% од луѓето можат само да
сонуваат, а преостанатиот 1% го копираа Пеле“ – рече Џани Инфантино.
„Ќе побараме
секоја земја во светот да именува барем еден стадион по Пеле, за децата, за иднините генерации да знаат
колку тој бил важен за фудбалот и каква радост донесе. Мораме неговото име да се памети низ
целиот свет, на местото каде се постигнуваат голови… на фудбалските терени“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.