Го „тролаат“ трансферот на Роналдо, најголемиот ривал на Ал Наср продава дресови од Меси (ФОТО)

by
1 минути читање

Ривалството помеѓу Кристијано Роналдо и Лео Меси е големо, противничките навивачи често за да го провоцираат Португалецот, го скандираат името на Аргентинецот.

Нешто слично се обиде да направи и Ал Хилал откако пристигна информацијата за трансфер на Кристијано Роналдо во редовите на лутиот ривал Ал Наср.

Популарните „сини бранови“ почнаа да продаваат дресови со презимето на Лео Меси.

Многумина почнуваат да сонуваат за ново ривалство помеѓу Роналдо и Меси, но сега во првенството на Саудиска Арабија, и се говори за можноста Ал Хилал да го ангажира Аргентинецот.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×