Милан има план Б доколку Рафаел Леао не стави потпис на нов договор

by
1 минути читање

Милан и Рафеал Леао подолго време преговараат за нова соработка и се верува дека јануари ќе биде клучен месец.

„Росонерите“ му ставиле до знаење на Португалецот дека се подготвени на маса да стават плата од 6-6,5 милиони евра по сезона и напаѓачот како приоритет има останување на Сан Сиро.

Но зделката е комплицирана поради интересот на Челси и Манчестер Сити кои се подготвени да понудат поголема плата (се шпекулира дека „граѓаните“ нудат 12 милиони евра по сезона), инволвираноста на двајца агенти (Жорж Мендеш и Тед Димвула), како и казната (од речиси 20 милиони евра) која играчот треба да му ја плати на Спортинг.

Па затоа Милан крои и план Б, и го идентификувал Ноа Окафор од РБ Салцбург како можно засилување доколку Рафаел Леао не го обнови договорот и тие се принудени да го продадат Португалецот.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×