По многу
шпекулации, вечерва пристигна потврда за преселбата на Кристијано Роналдо во
Саудиска Арабија.
Португалецот
потпиша за Ал Наср, медиумите пишуваат дека се работи за најбогатиот договор во
светот на фудбалот и напаѓачот ќе заработува 200 милиони евра годишно (плата, плус спонзорски договори, плус имиџ права).
И не само тоа,
гласот на Кристијано Роналдо ќе се слуша, извор блиски до клубот за СиБиСи Спортс на
шега вели дека Ал Наср всушност ќе биде „Кристијано ФК“. Доколку искусниот голгетер
побара нов тренер, тоа и ќе го добие.
За новата
авантура во својата кариера, Кристијано Роналдо вели: „Задоволен сум што ќе
имам ново искуство во различно првенство и различна земја, визијата која Ал Наср
ја има ме инспирира многу“:
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.