406
Дибала можеше да се врати неколку дена по нова година, до кога доби одмор. Но, Аргентинецот дојде порано со цел да го фати и првиот меч по паузата за Светското првенство.
Дибала пристигна денеска во Рим и веднаш се појави на тренинг. А Немања Матиќ објави фотографија од соблекувалната и напиша: „Шампионот се врати“.
Пауло Дибала не одигра многу минути на Светското првенство во Катар, но беше еден од стрелците на головите во пенал серијата за Аргентина во финалето против Франција.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.