Цимери се испокарале за Меси и Роналдо, па едниот се извинувал во весник! (ФОТО)

by
1 минути читање

Расправиите за тоа кој е подобар, Роналдо или Меси се вообичаени и секојдневни. Но оваа што се случила во Велика Британија е посебна затоа што стигнала до весник.

Цимерот кој го скршил телевизорот купен од другиот цимер, се извини и кажа дека ја надоместил штетата со нов Сони ТВ.

„Јас, Шивам Синг сакам да му се извинам на мојот цимер зашто го оштетив телевизорот кој тој го купи од својата заштеда. Не сакав да ја фрлам вазната на ТВ откако Меси победи во финалето, ама тој постојано ми повторуваше дека е – најголемиот во историјата. Тоа баш ме изнервира, зашто јас го сакам Роналдо. Сега сакам да се извинам со нов ‘Сони Бравија’, кој го купив. Жалам за тоа што го направив, ама пак ќе се повтори истото ако каже нешто против Кристијано“, објавил виновникот во кавгата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×