Марка, ланец на
продавници од Обединетите Арапски Емирати, доби ексклузивно право да
произведува, дистрибуира и продава брендирани продукти од Реал Мадрид во ОАЕ,
Саудиска Арабија, Катар, Кувајт, Бахраин и Оман.
Во овие земји
мнозинството од населението се муслимани, па логото на Реал Мадрид ќе претрпи
промени.
„Кралевите“ ќе ја
изменат круната, односно ќе го тргнат традиционалниот христијански крст.
Договорот на
Марка се однесува за продажба на облека како, маици, поло маици и опрема за
пливање со името и логото на Реал Мадрид.
Зделката не важи
и за реплика дресовите, кои се продаваат во Дубаи и на кои го има крстот.
Ова не е прв пат
логото на Реал Мадрид да претрпи измени. Во 2014 исто така беше тргнат крстот
кога логото на „Кралевите“ беше користено од спонзорот Национална Банка на Абу
Даби.