361
Манчестер
јунајтед синоќа со 3-0 го совлада Нотингем Форест со головите на Рашфорд,
Марсијал и Фред.
Својот момент на
натпреварот имаше и голманот Давид де Хеа, кој беше ставен на тест по половина час игра со удар од далечина.
Чуварот на
мрежата се реши за необична одбрана, и наместо со раце да го спречи ударот, реши
да блокира со дел од рамоти и градите. Касемиро се чудеше на потегот на
неговиот соиграч, па Шпанецот мораше да објаснува што направил.
Коментаторите на
ДАЗН исто така беа импресионирани и го нареакоа голманот „Де Хеиња“.