Енцо Фернандез руши рекорди, Мендеш на Бенфика и донел две богати понуди

by
1 минути читање

Бенфика ќе има потешкотии да го задржи Енцо Фернандез, кој беше прогласен за најдобар млад фудбалер на мундијалот во Катар.

Како што пренесува А Бола, Жорж Мендеш го известил првиот човек на Бенфика, Руи Коста дека два клуба се подготвени да платат по 127 милиони евра. Во моментов не е познато за кои клубови станува збор, но се верува дека ќе биде пресметка помеѓу Премиерлигата и Ла Лига.

Исто така се верува дека и трет клуб ќе достави понуда, а Жорж Мендеш може да ја искачи цената и до 130 милиони евра.

Со вакви бројки, Енцо Фернандез ќе биде најскапа продажба во историјата на Бенфика и ќе го надмине рекордот на Жоао Феликс (126 милиони евра).

Доколку Аргентинецот заврши на „островото“, тоа ќе биде најскап трансфер во Премиерлигата и ќе го урне рекордот на Џек Грилиш (117 милиони евра).

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×